Dreamlux
Добро дојдовте во
Размислувајте за вашата иднина, размислувајте за вашите желби и потребата од комфор.
Размислувајте луксузно!
11.691
Метри квадратни површина
2022
ГОДИНА НА КОМПЛЕТИРАЊЕ
174
Станови
202
Паркинг позиции
ДОМУВАЊЕ ПО СЕЧИЈ ВКУС
Карактеристики на DreamLux
Одлична локација
Вистинско засолниште од градската бучава.
Модерен изглед
Карактеристична и препознатлива надворешност.
Отворен поглед
Совршена позиционираност и поглед кој воодушевува.
Деловен комплекс
Распространетост на вкупна површина од 1305 m2.
Место за урбано домување
• Локација
На еден дофат до сите потребни содржини почнувајќи од градинки, училишта, болници, супермаркети, спортски сали, па се до паркови полни со зеленила и детски игралишта за исполнети денови на вашите најмили.
• животна средина
Зеленилото предвидено пред комплексот има значајна улога во разубавување на просторот, а воедно и придонесува за смирено и релаксирано чувство, како за станарите, така и за околината.
• објект
Квалитетните градежни материјали, термо изолираната фасада и современите повеќекоморни прозорци, обезбедуваат ниска топлинска спроводливост и заштеда на енергија. Употребата на овие материјали ја прават DreamLux енергетски ефикасен објект од класа А.
• Станови
Сите станови се опремени со сигурносни влезни врати, санитарии од висок квалитет, првокласни керамички плочки во кујната, купатилото, влезниот хол и утилити, како и висококвалитетен таркет во дневната и спалните соби.
• Паркинг
Паркирањето е предвидено на две подземни нивоа и надворешен партер, во кои се предвидени паркинг-места за автомобили, велосипеди, моторни возила и паркинг простор за лица со попреченост.

Тип на станови
Удобни и практични
ентериери
Во DreamLux вие ја креирате вашата иднина, ја живеете вашата идеална сегашност и создавате сеќавања кои никогаш нема да ги заборавите. Остварете ги своите соништа и соништата на вашите најблиски.

Удобно домување
Дом по мерка
и стил за сите
Распоредот на становите е различен, во зависност од квадратурата, но во сите нив е предвидено да има отворен тип на кујна, сопствена тераса и посебен дел за плакари во влезниот хол. Во зависност од големината на станот, некои од становите во купатилата имаат туш- кабина, а некои када. Во поголемите станови, спалните соби имаат сопствени купатила со када и посебен дел за утилити.
