Нашата Компанија

Поинаква димензија за современо домување

Како компанија чија основна дејност е изградба на станбено-деловни објекти, приказната на Би Холдинг започнува како резултат на потребата од современи архитектонски решенија и создавање нови вредности на квалитет и унапредување на градежништвото на пазарот. Стремежот кон создавање совршен дом по највисоки стандарди е резултат на високо обучен менаџерски тим, стручен кадар и компетентна инженерска поддршка чија стручност и интегритет се темел на работењето и начинот на кој се извршуваат сите деловни активности.

Континуираната примена на современи светски технологии, позитивни индустриски стандарди и квалитет се основните начела со кои се стремиме да овозможиме поинаква димензија на современо домување, која ќе ги задоволи потреби на нашите клиенти. За нас, современото домување е синоним на конзистентен квалитет и функционалност создадена да одговори на највисоките светски тендендии за урбано живеење.

Vector-1

Мисија

Создавање нови вредности во градежништвото кои ќе одговорат на потребите на пазарот и ќе овозможат совршено домување со врвна стабилност и стандардизиран квалитет.

Визија

Задоволувањето на потребите за современо урбано живеење го базираме на принципот на квалитет, интегритет и доверба. Преку постојано унапредување, грижа и посветеност кон барањата на нашите клиенти овозможуваме трајни вредности на современо и квалитетно домување за секој потрошувач.

Вредности

Одговорност, конзистентност и квалитет се темелот на деловното работење преку кое ги задоволуваме највисоките потреби на клиентите во патот кон потрага на совршен дом.  Восокото и квалитетно домување е резултат на конзистентната примена на најновите технологии, одговорност кон нашите клиенти и оправдан квалитет базиран на континуирана посветеност.

Ве очекуваме во нашата канцеларија

на Булевар Партизански Oдреди бр. 102 – 1/1 1000 Скопје